АВМУ: ВМРО-ДПМНЕ со најмногу реклами во медиумите во вториот круг

Од:

Во вториот круг од изборната кампања за Локалните избори, најголем обем платено политичко рекламирање е регистрирано за Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, околу 26 часа, по по следуваат Коалицијата предводена од СДСМ со околу 11 часа), Беса, околу пет часа, и ДУИ околу четири часа, покажува мониторингот на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиусмки услуги (АВМУ).

Од телевизиите опфатени со мониторингот, најмногу реклами се емитувани на ТВ Нова (речиси 12 часа) и на ТВ Сител и ТВ Алсат-М (по околу 5 часа).

Како што соопшти ССМ, радиодифузерите опфатени со мониторингот во вториот круг од Локалните избори, кампањата ја покривале со помал интензитет, генерално обидувајќи се да обезбедат еднакви услови за пристап до програмите на учесниците во изборите.

Во последните десет дена од изборната кампања прекршување на барањето за непристрасно покривање на изборите е констатирано кај ТВ Алфа и ТВ Нова. Кај нив, стои во соопштението, во вкупната програма се констатира пристрасност во корист на ставовите и реакциите на Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Во законски утврдениот рок Агенцијата ќе поднесе барања за поведување прекршочни постапки пред надлежен суд.

Според АВМУ, мониторингот на изборното медиумско претставување во вестите на програмските сервиси на Македонската радиотелевизија, во вториот круг од изборите, уште еднаш докажа дека одредбата од Изборниот законик за тоа како да се подели времето во дневно-информативните емисии е несоодветна за новинарско известување на јавен сервис.

Мониторингот покажал и дека Јавниот радиодифузен сервис и Собранискиот канал ги исполнија обврските и во вториот круг од изборната кампања за Локалните избори да овозможат бесплатно политичко претставување на учесниците во изборите. Можноста за бесплатно претставување ја искористиле само кандидатите за градоначалници од коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски