АВМУ: Владата не ги почитува препораките на Брисел за независноста на регулаторот за медиуми

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) порачува дека Владата не ги почитува препораките на Брисел за независноста на регулаторот за медиуми како реакција на вчерашната одлука на Владата, да даде негативно мислење за Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година и да побара нејзино ревидирање.

-Агенцијата е непријатно изненадена од вчерашната одлука на Владата, да даде негативно мислење за Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година и да побара нејзино ревидирање поради тоа што не е усогласена со „другите стратешки документи за развој на оваа област“. Со одлуката да даде мислење и да бара ревидирање, Владата, ги надмина своите надлежности и постапи спротивно на насоките од извештаите на Европската комисија за напредокот на РСМ и на препораките на Советот на Европа, за гарантирање на независноста на регулаторните тела во областа на медиумите, велат од АВМУ.

Во клучната препорака на Советот на Европа за независноста и функционирањето на регулаторните тела, додаваат, јасно и недвосмислено се истакнува дека јавните власти не смеат да влијаат на независноста на медиумските регулатори. Основната цел на овие препораки, потенцираат, е да се спречат токму ваквите упади на извршната власт во работењето на регулаторите.

Од АВМУ појаснуваат дека Регулаторната стратегија била доставена до Владата, до Собранието и до МИОА не за усвојување, туку за да ги информира за тековните состојби во медиумската сфера, како и за активностите што ќе ги преземе Агенцијата во следните пет години, во насока на подобрување на одредени аспекти во сферата на медиумите.

-Оваа стратегија не е неусогласена со, како што наведува Владата, „другите стратешки документи за развој на оваа област“, имајќи предвид дека такви документи не постојат. Агенцијата, за да изработи издржана и квалитетна стратегија, во нејзиното изготвување ги вклучи пошироката експертска јавност, новинарските здруженија, граѓанските организации од сферата на медиумите, преку учество во бројните одржани состаноци и јавни расправи, посочуваат од АВМУ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски