АВМУ: Регионалните радидуфузери најмногу известувале за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ

Од:

Радиодифузерите на регионално ниво во првиот круг од локалните избори, кампањата ја покриваа со помал интензитет, генерално обидувајќи се да обезбедат еднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборите, покажува анлизата на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Фокусот во известувањето бил на двете коалиции предводени од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ кои имаа најмногу кандидати. Во последните девет дена од изборната кампања (во периодот од 5 до 13 октомври 2017 година) на кој се однесуваат денешните извештаи, прекршување на барањето за избалансирано покривање на изборите е констатирано само кај една телевизија. Во законски утврдениот рок Агенцијата ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд.

Од 22 регионални телевизии опфатени со мониторингот, само две не емитувале вести. Само осум од нив се обиделе да организираат и дебатни соочувања на кандидатите. Шест телевизии преземале дебатни емисии од ТВ 24 Вести и од ТВ 21-М, кои емитуваат програма на државно ниво. Карактеристично е тоа што во емисиите што ги преземале гостувале кандидати за општини надвор од нивното подрачје на емитување, истакнуваат од АВМУ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски