АВМУ реагира: Не може новинарка да води партиска конференција

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му укажа на Јавниот радиодифузен сервис МРТ 1 дека мора да води сметка, сите вработени кои се ангажирани во подготвување на програмите да ја почитуваат одредбата од Изборниот законик, според која, тие не смеат истовремено да учествуваат и во предизборни активности на политички субјекти. Ова се однесува на новинарката на МРТ1, Гордана Ѓорчева, која ја водеше конференцијата на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ во неделата.

„Укажувањето беше упатено откако, преку снимки објавени на социјалните мрежи, беше утврдено дека новинарката на МРТ1, Гордана Ѓорчева, беше водителка на 18 конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа во неделата, на 3 март 2019 година. Инаку, со мониторингот на известувањето во предизборниот период беше констатирано дека на програмите на радиодифузерите, кои во моментов се предмет на надзор, таа не се појави во прилозите од овој настан“, соопшти АВМУ.

Агенцијата ги потсети сите радиодифузери дека уредници, новинари, водители на програма и презентери кои се ангажирани во подготвување програми на радиодифузерите, мора да ја почитуваат оваа забрана, која важи од распишувањето до завршувањето на изборите.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски