АВМУ: Премиерот да се воздржи од дискредитирање, етикетирање и дискриминирање

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува денешната изјава на премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“ која е проблематична најмалку по три основи, велат оттаму преку соопштение.

Како што се наведува во соопштението на АВМУ, премиерот, како носител на јавна функција, наместо да ја прифати и да ја почитува улогата на новинарите како критичари на работата на власта се обидува да дискредитира новинар.

Оттаму додаваат, наместо да покаже највисоко ниво на почитување на различностите, тој употребува етикетирање кое што е дерогирачко за ЛГБТ-лицата. Заев во својата изјава исто така не ја почитува ниту пресумпцијата на невиност.

АВМУ со потсетување до политичарите дека нивна обврска е да ги почитуваат европските стандарди за слобода на информирање, да ги почитуваат различностите и да се воздржат од употреба на јазик којшто може да ги поктопа овие вредности.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски