АВМУ со осуда за нападите врз новинарите, но и за непрофесионално однесување на дел од нив

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осуди вчерашните напади врз медиумските работници, приведувањето новинари, но и непрофесионалното однесување на некои новинари.

– Медиумските работници мора да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и да им се овозможи непречено да ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен интерес. Меѓутоа, истовремено, новинарите при известувањето мора да обезбедат професионална дистанца, непристрасно и избалансирано известување. Во овој контекст, Агенцијата апелира да не се применуваат облици на непримерна комуникација со јавноста, а уште помалку да се поттикнува насилство по било која основа, се наведува во соопштението од АВМУ.

Би можело да ве интересира

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање