АВМУ: Двојниот ангажман на новинарите може да ја загрози слободата на изразување

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги смета дека двојниот ангажманот на вработени новинари во телевизии како советници кај премиерот, претставува пречка за поставување професионална дистанца при информирањето на јавноста и да ја загрози слободата на изразување.

-Улогата на медиумите е да бидат критичари и коректори на власта, и во тој контекст, неопходно е при ангажманот на кадарот, да водат сметка дека треба да обезбедат самостојност, независност и одговорност на уредниците, новинарите и другите автори при создавањето на програмите и креирањето на уредувачката политика. Ова е важен предуслов за (меѓу другото) известувањето да биде објективно и непристрасно со еднаков третман на различните гледишта така што јавноста ќе може самостојно да гради мислење за општествените случувања и настани, наведува во соопштение АВМУ по објавување на информации за истовремен ангажман на две лица и како активно вработени новинари во телевизии и како советници на премиерот Зоран Заев.

Додаваат дека во време кога земјава прави напори за зголемување на професионалноста на медиумите и слободата на информирање, ваквиот двоен ангажман може да претставува пречка за поставување професионална дистанца при информирањето на јавноста и да ја загрози слободата на изразување.

Агенцијата, како што наведува во соопштението, за ова ги информирала и премиерот Зоран Заев и двете телевизии.

Би можело да ве интересира

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски