АВМУ: Да се вложат максимални напори за заштита и безбедност на медиумските работници

Од:

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска упати честитка по повод Светскиот ден на слободата на медиумите во која истакнува дека веродостојни информации и нивниот слободен тек се суштински во соочувањето, разбирањето и надминувањето на кризата со пандемијата.

Апелираат дека е неопходно да се вложат максимални напори за обезбедување заштита и безбедност на медиумските работници при извршување на професионалните задачи.

-Секоја година, на 3 мај се слават фундаменталните принципи и независноста на медиумите, се оценува нивната слобода и се оддава почит на новинарите кои ги загубиле своите животи при вршење на професионалните обврски. Воедно, овој ден служи и како потсетник за улогата на медиумите во развојот на демократијата и обврската на владите да ја почитуваат нивната слобода, соопшти АВМУ.

Годинава, како што посочуваат, светскиот ден на медиумите се одбележува под мотото „Новинарство без страв и наклонетост“, при што акцентот е на тоа дека независните медиуми, ослободени од сите видови притисоци, играат клучна улога во носењето на информирани одлуки и во обезбедувањето транспарентност и одговорност на институциите.

-Во услови кога пандемијата од КОВИД-19 го диктира темпото на живот, навремени, веродостојни информации и нивниот слободен тек се суштински во соочувањето, разбирањето и надминувањето на кризата. Професионалното, етичко и точно известување придонесува не само за превенција и справување со заразата, туку и за разобличување на дезинформациите и на лажните медицински совети кои би можеле да го загрозат здравјето. Токму затоа е неопходно да се овозможи слободен и еднаков пристап до информациите и да не се ограничува слободата на движење на новинарите, се наведува во соопштението на АВМУ.

Би можело да ве интересира

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски