АВМУ: Анкетите за референдумот може да се објавуваат до понеделник, молкот започнува на 28 септември

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека резултати од испитувања на јавното мислење во врска со референдумот може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласањето. Оттаму, резултати од анкети на јавното мислење може да се објавуваат заклучно со 24-ти септември 2018 година.

Референдумскиот молк започнува 48 часа пред денот на гласањето, односно на 28-ми септември 2018 година и завршува со затворањето на гласачките места во 19 часот на 30-ти септември 2018 година. За време на молкот треба да престанат сите облици на јавна пропаганда поврзана со референдумот.

За повеќе детали што сé се смета за прекршување на молкот, радиодифузерите да го консултираат Упатството за медиумско претставување за време на референдум, достапно на веб-страницата на Агенцијата во банерот РЕФЕРЕНДУМ 2018.

Следната недела ќе бидат објавени извештаите за констатираните прекршувања и првиот извештај за медиумското покривање на референдумот.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Пет години од референдумот за Договорот со Грција