ВИДЕО: Авировиќ ги повика академиците да се приклучат во решавање на кризата

Од:

Пратеничката Владанка Авировиќ ги повика академиците од МАНУ да се вклучат во разрешување на политичката криза во Република Македонија.

Според неа, академиците се тие кои треба да дадат насока во кој правец да оди државата.

– Во Република Македонија не е доволно вклучен интелектуалниот свет. Не можеме да оставиме само на партиите. Академиците треба да се вклучат и да дадат патоказ за решавање на кризата, каде и по кој правец да се движи државата, рече Авировиќ.

Пратеничката од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека академиците треба да го кажат своето мислење за албанската платформа и последиците доколку таа биде прифатена.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска