Министерството за здравство в четврток ќе спроведе авионска дезинсекција на подрачјата на девет центри за јавно здравје – Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес. Ќе бидат опфатени околу 6.000 хектари, со посебен акцент на подрачјата зафатени од поплавите.
Авионската дезинсекција ќе се изврши во утринските часови во периодот од 5 до 8 часот. За таа цел, се известуваат лицата кои чуваат пчели на време да ги преземат потребните мерки за заштита и да не ги пуштаат надвор во наредните три-четири часа од прскањето.
Ова е втора вонредна дезинсекција организирана од Министерството за здравство поради појавата на поплави кои го зафатија подрачјето на Република Македонија.
Министерството за здравство информира дека согласно Акцискиот план за спречување појава и ширење на вектор преносливи болести, со посебен акцент на комарци и крлежи, секоја година, почнувајќи од март до септември, се преземаат активности за дезинсекција на јавни површини и сите општини континуирано спроведуваат дезинсекција на своите подрачја.