(ВИДЕО) Атанасов: Политички игри на власта на штета на високото образование и УКИМ

Од:

Продолжуваат игрите без граници кои ги режира криминалната власт на штета на образовниот процес и високото образование.

Целта на власта е ако може да го уништи најстариот, најдобриот универзитет во земјата „Св. Кирил и Методиј“.

Прво, начинот и процедурата за избор на нов ректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ покажа дека власта сака да се меша во работите на најстариот универзитет во земјата.

Според техничкиот дел од гласањето нов ректор е професорот Никола Јанкуловски.

Но, не може да се избројат сите нерегуларности и недемократскиот амбиент во кој се избираше новиот ректор. Недозволиво за една ваква институција!

Најголема дамка на изборот беше одбивањето на ректорот Јанкуловски да се појави на јавна дебата, на академска расправа!

Од кого се исплаши ректорот? Од професорите, од студентите, од јавноста?

Како ректорот ќе води ако нема храброст да се соочи со академската јавност, без слобода, автономија… Знае ли воопшто ректорот што е автономија на универизтетот? Каде беше ректорот кога студентите се тепаа, се прогонуваа!

Власта повторно покажа дека е уплашена од студентите, не ги почитува и нема намера да соработува со нив.

Власт што нема намера да соработува со студентите, се откажала од иднината!

Второ, шверцерското враќање на Законот за основање на универзитетот „Дамјан Груев“ во Собранието е уште една тула во ѕидот што власта сака да го изгради околу УКИМ.

Власта повторно го брани единствено партискиот интерес со ставање на законот на седница кога опозицијата е надвор од Собранието.

Нема дебата, нема аргументи, има само партиска наредба и партиски интерес!

СДСМ ги искажа сите свои аргументи за овој предлог закон со поднесување близу илјада амандмани. Академската јавност ги искажа своите сериозни критики.

На Република Македонија не и потребен уште еден партиски универзитет, на штета на финансирањето на другите државни универзитети.

Брзо доаѓа времето кога секој ќе мора да понесе одговорност за штетите што се направени посебно во високото образование! А за тоа има многу кандидати, рече на прес конференција претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија