Асоцијацијата на спортски обложувалници: Нашите членки ќе работат со скратено време за да заштитиме играчите

Од:

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија извести дека согласно одлуката на Владата, нејзините членки од денес ќе работат со скратено работно време, со цел заштита на вработените и играчите во нивните објекти.

„Согласно одлуката на Владата на РСМ донесена на 17-тата Седница, одржана на 12 март 2020 година, а во врска со мерките кои државата ги презема за справување со состојбата со коронавирусот, спортските обложувалници ќе работат со скратено работно време, од 7.00 часот до 18.00 часот, со преполовен капацитет за гости, односно да се задржи минимум неопходно растојание од најмалку еден метар и половина до два метри помеѓу луѓето кои престојуваат во овие објекти.
Одлуката е на важност до 24 март. Асоцијацијата ја следи состојбата со коронавирусот и целосно ги почитува препораките и мерките на Владата“, информираат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија

„Дополнително информираме дека ги преземаме сите мерки за заштита на нашите вработени и играчите во обложувалниците – членки на АСОМ. Во контекст на ова набавени се дезинфекциони средства за секоја обложувалница, заштитни ракавици за сите вработени, а објектите редовно и темелно се чистат. Апелираме до играчите, во целост да се придржуваат до мерките“, додаваат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска