Асимптоматска мајка на дете пациент на Детска клиника заразила и докторка, покрај лаборантот и медицинската сестра

Од:

На Клиниката за детски болести во Скопје покрај заразените лаборант и медицинска сестра, заразена и е докторка од имунолошкото одделение, извести денес министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека сега состојбата на клиниката е стабилна и нема нови позитивни случаи меѓу персоналот.

„Позитивни се лаборант, медицинска сестра и докторка е од одделот за имунологија. Според анкетите на епидемиолозите претпоставен контакт е мајка на дете што требало да се прими за терапија на хематоонкологија. По протоколот на Комисијата за заразни болести мајката е тестирана, дома е и таа е асимптоматска“, рече министерот Филипче.

Направен е увид на целата Клиника, направено е чистење, а министерот рече и дека се степенувани за ризик сите контакти со заразените.

„Работата е организирана во тимови и целата Клиника, сите одделениja функционираат нормално. Суспектните пациенти, според нашиот договор уште пред неколку месеци, се упатуваат во болницата во Козле, но доколку треба да влезат на Клиниката за нив има посебен дел и соодветен пристап“, рече министерот Филипче.

За заразениот лаборант на Детската клиника во Скопје министерот јави минатиот вторник, а во петокот извести и за медицинската сестра по што беше најавено тестирање и на персоналот на пациентите.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата