Денеска градоначалникот на Општина Штип изврши увид во градежните активности кои се насочени кон рехабилитација и санација на улицата „Ѓорги Петров“ во населбата Сења.
„Во изминатиов период фокусирани сме на реализација на проектите коишто се поврзани со градежната офанзива во општина Штип, преку која се опфатени повеќе инфраструктурни проекти што вкупно чинат околу 2.6 милиони евра.
Над 160 милиони денари се вложени во вистинските цели, а тоа се интересите на граѓаните и изградба на квалитетна инфраструктура којашто ќе им го направи секојдневието пријатно и лесно“, се вели во соопштението на Општина Штип.
„Денеска се наоѓаме во населбата Сењак, кај улицата „Ѓорги Петров“, каде извршуваме реконструкција и санација на постојната улица, се поставува нов слој аслфалт на 900 метри квадратни од оваа улица. За денешната градежна активност издвојуваме над 356.000 денари.
„Ова е уште еден проект којшто го реализираме во населбата Сењак. Како што знаете, се работи на многу улици, а овде, во непосредна близина наскоро ќе се асфалтираат улиците околу објкетите „Луна Комерц“.
Овде, во непосредна близина на оваа улица, ќе се гради и новата градинка, прв ваков објект што се гради во Штип после триесет години.
Општина Штип ги трожи средствата на вистинските места за вистинските потреби на нашите граѓани. Најголемиот дел од овие потреби и барања на граѓаните се произлезени од средбите со граѓаните во рамки на урбаните заедници и средбите со граѓаните во мојот кабинет,“ потенцираше градоначалникот Бочварски.
Изминатиов период беа асфалтирани и рехабилитирани повеќе улици на територијата на општина Штип, а во населбата Сењак освен рехабилитација и санација на постоечките улици, се врши изведба на сосема нови улици и тоа кај објектот Луна Комерц, каде неодамна беше поставена и нова водоводна и канализациона мрежа, беше изведен и сосема нов тротоар на улицата „Борис Крајгер“, беа спроведени повеќе акции за чистење и уредување на населбата, како и осовременување на училиштето и градинката во оваа населба. Во населба Сењак овој месец ќе започне изградбата на нова детска градинка, со што ќе се зголеми капацитетот за згрижување за околу 200 дечиња. Со тоа покажуваме вистинска грижа за најмладите, но и за сите членови на нашата заедница.
Парите на граѓаните ги насочуваме кон вистинските цели, а Штип конечно го доживува развојниот подем кој го заслужува. Продолжуваме да се движиме во иста насока со засилен интензитет и искрени и вредни заложби за унапредување на Штип“, се вели во соопштението на Општина Штип.