Асфалтирање на делницата Шашаварлија – Кошево

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Боочварски, изврши увид на градежните активности поврзани со асфалтирање на локалниот пат Шашаварлија – Кошево – Почивало, од кој со овој проект се асфалтира делница од 1 километар.

Локалниот пат се асфалтира по сите стандарди за изведба.

Вкупната инвестициона вредност на проектот по најповолната понуда изнесува 5.897.640 денари.

„Со ова завршуваме еден поголем проект за изградба на локален пат од еден километар, којшто води од Шашаварлија кон Кошево, со што продолжуваме да градиме инфраструктура во делот на локални патишта кон последното село Почивало, коешто е на територија на општина Штип. Ова значи дека жителите на овие населени места ќе имаат пристојни услови за живот, ќе донесеме патна инфраструктура до нивните домови. Но, ова е многу важно и за сите жители на општина Штип, коишто кога ќе се изгради инфраструктурата, ќе имаат можност почесто и поредовно да патуваат и да го посетуваат овој убав предел од нашата општина. Вредноста на овој проект е околу 5.900.000 денари и се работи за локален пат од 1 километар. После завршувањето на оваа делница, ќе бараме средства и ќе проектираме продолжување на делницата кон село Кошево и село Почивало. Се насочуваме не само кон централното градско подрачје, каде што гледате дека се градат поголем број градежни зафати, но и на овие рурални места коишто се пооддалечени од централното градско подрачје, со тоа што придонесуваме за рамномерен регионален развој на ниво на територија на општина Штип“, посочи градоначалникот Бочварски.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“