Асфалтирани улици во две штипски села

Од:

Во штипското село Лесковица од денеска почна асфалтирање на улици во должина од околу еден километар.

Тоше Ѓеорѓиев раководител на Секторот за инспекциски надзор во Општина Штип, кој направи увид на градежните активности, истакна дека станува збор за инвестиција на општина Штип. Потсети дека минатата година во ова село беа асфалтирани улици во должина од 1.500 метри, а средствата биле обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

– Минатата недела беа асфалтирани улиците во село Пиперово во должина од 350 метри, а од денеска се асфлатираат и улици во селото Лесковица. За овие два проекта Општина Штип обезбеди три милиони денари од буџетот, вели Ѓеорѓиев.

Тој информира дека градежната механизација наредните денови ќе се сели во селото Шашаварлија, каде што ќе се асфалтираат улици во должина од 400 метри. Во тек е и тендерската постапка за изградба на локален пат меѓу селата Шашаварлија и Никоман.

Би можело да ве интересира

Демант од Општина Битола: Не е направена измама, платен е само транспортот на асфалтот

A1on

(ВИДЕО) Општина Битола плати 80.000 евра за ископан асфалт од Плетвар: Измама е, асфалтот никаде го нема

A1on

ВИДЕО: Арсовска ќе го покрива асфалтот со тартан откако јавноста ја „запука“

A1on

Саниран коловозот кај „Тифани“

А1он

Се создаде дупка во асфалтот кај автобуската постојка кај „Тифани“

А1он

Дупките на патот кон Средно Водно означени со спреј како кратери