Заврши асфалтирањето на улица во село Габрово, Делчевско. Станува збор за улица во близина на селската џамија во должина од околу 300 метри.
Средствата за оваа намена ги обезбеди Општина Делчево. Градоначалникот Дарко Шехтански изврши увид на завршните работи на улицата. Шехтански рече дека општината продолжува со најавените проекти кои одат во прилог на подобрување на условите на живеење во селските средини.
– Тоа што го најавуваме се случува, се надеваме дека жителите на село Гарбово се задоволни. Ние работиме во инстерес на граѓаните и ги решаваме инфраструктурните потреби со цел да овозможиме подобри услови за живот во ова село, рече Шехтански.
Минатата година во селото беа изградени уште две улици, уште една улица во близина на селската џамија во должина од 285 метри која беше целосно асфалтирана, како и улицата во местото викано „Мановски ендек“.
Во Општина Делчево се реализираат повеќе инфраструктурни проекти. Неодамна заврши и асфалтурањето на улица во населбата Стрелиште во Делчево, улица во с. Разловци, фекална канализација во с.Вирче и друго.