Асфалтиран патот до манастирот „Св.Илија“ во кратовско Филиповци

Од:

Завршен е проектот „Изградба на пешачка патека од регионален пат до манастир „Св.Илија“ во село Филиповци, информираат од општина Кратово. Комплетно е завршено асфалтирањето на патот во должина од 288 метри.

– Патот е околу 300 метри, со широчина од 3,5 метри и со банкини од двете страни од по 0,5 метри, во целост – 4,5 метри широчина на планумот. Со асфалтирањето на овој пат се овозможи подобрување на патната – сообраќајна комуникација во населеното место, подобрени се и условите за максимална безбедност на пешаците и посетителите на манастирот Св. Илија во село Филиповци, изјави градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски.

Изведувањето на градежните работи на патот се одвивало во неколку фази: геодетски работи, обележување и расчистување на трасата, земјени работи, изработка на насипи, обработка на подтлото и други градежни работи.

Средствата за изградба на овој пат се обезбедени од општината и од Биро за регионален развој.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Вработен во Здравствениот дом во Кратово бил во странство, но сепак добил плата

Вештите лица тврдат: Обвинетата Илијевска била во афективна состојба, но афектот не ги надминал физиолошките граници и немал патолошка димензија

Одложено судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово