Артан Груби со писмо до УЕФА: Србија е виновна за инцидентите

Од:

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби без ничие барање прати писмо до УЕФА како сведок дека инцидентите на стадионот на фудбалскиот натправар Србија-Албанија биле предизвикани од страна на домаќинот.

Во писмото до Мишел Платини, пратеникот на ДУИ обрзлага зошто се случил инцидентот.

pismogrubi13

Со сиот респект, одлучив да ви напишам писмо откако лично бев сведок на настаните кои се случија во Белград на 14. Октомоври на натправарот Србија-Албанија, пишува Груби и објаснува дека освен знамето на Албанија, тој видел како се пали заедно со него и знамето на НАТО.

Би сакал да кажам дека на инцидентот му претходеа изливи на омраза и беа запалени албанското и знамето на НАТО, но од страна на хулиганите беше отстрането и албанското национално знаме од јарболот, кое се вееше веднаш до знамињата на Србија и УЕФА.

Околу 35.000 хулигани од трибините за време на изведувањето на албанската национална химна фрлаа со предмети, столици, запалки, метални пари кон албанските фудбалери и извикуваа расистички пароли како “Убиј го, убиј го Албанецот” и “Само мртов Албанец е добар Албанец” пишува Груби во писмото до УЕФА.

pismogrubi

Груби, натаму го правда и појавувањето на дронот со знамето на Голема Албанија, а од УЕФА бара да не ја казнува репрезентацијата на Албанија.

-Дронот со знамето над стадионот беше само повод да се оправда невидениот излив на омраза кој се случуваше уште пред да се одигра мечот. Ниту албанската влада, ниту албанската фудбалска федерација не треба да понесат одговорност за дронот, кој пристигна од надворепната страна на стадионот. Впрочем, најмалку 10 организации досега ја презедоа одговорноста за дронот и знамето, а доколку братот на Еди Рама управувал со дронот како што тврдат српските власти, тогаш останува прашањето-зошто не го уапсија?

Груби го завршува писмото со редење примери каде имало инциденти на натпреварите на српската репрезентација и изразува надеж дека сето тоа ќе биде горчливо минато кое никогаш нема да се повтори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река