Артан Груби имал две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, Џафери ќе одлучува дали ќе го казни

Од:

Досега немало аргументи со кои може фактички да се утврди дека политичарите со службени возила оделе да се потпишуваат за претседателските кандидати, но секогаш кога бил прекршен етичкиот кодекс кабинетот на вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска постапувал без разлика за кого станува збор.

Грковска вели како Кабинет испратиле отворено писмо до јавноста и сите политички субјекти, дека треба да водат сметка за јасно разграничување на партиските и државните активности и да нема злоупотреба на државни ресурси и капацитети за време на политичка кампања.

-Кога станува збор за опомените за користење на службените возила, освен во еден случај, видлива е промената дека се внимава, во нашиот Кабинет се јавуваат функционери за да се консултираат, дали доколку постапат некако и тие би го прекршиле етичкиот кодекс. Само за случајот со Артан Груби, сме дошле до ситуација, заради две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, да испратиме допис до премиерот, кој што треба според етичкиот кодекс да одлучи која е мерката што ќе ја изрече.

Треба да се најде законско решение, ние почнавме да работиме со тоа што ќе ги врземе санкциите од кодексот со закон за да не бидеме во ситуација само да опоменуваме – рече Грковска.

Би можело да ве интересира

Судот го одложи рочиштето за „Државна лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами, судењето продолжува на 18 септември

Перпарим Бајрами се предаде на „Блаце“, спроведен е во затворот „Шутка“

Горан Наумовски

По повеќе од една година мината во бегство: Перпарим Бајрами и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

Нова жалба против Инфантино, обвинет е за кршење на Етичкиот кодекс на ФИФА

А1он

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он

Артан Груби повторно на обвинителна клупа, закажано ново рочиште во скопскиот Кривичен суд

А1он