Група активисти: Добродојдовте во Тетово, градот во кој на никому не му е гајле за ништо

Од:

Група активисти од Тетово поставија табли низ градот со цел да укажат на лошата еколошка и инфраструктурна состојба во градот и со желба да повикаат на колективна одговорност за состојбата. „Добродојдовте во Тетово, градот во кој на никому не му е гајле за ништо“ е главната порака што беше пренесена денеска преку поставените табли низ целиот град.

-Ѓубре расфрлано на сите страни, дупки по патишта, сообраќаен хаос каде што секој се паркира каде што сака и недостиг на јавниот превоз- се дел од бројните проблеми со кои секојдневно се среќаваат тетовчани. Кој е одговорен за овој хаос, граѓаните или локалната самоуправа? Но на крајот, не е е доволно само да поставуваме прашања, туку и да дејствуваме во насока на решавање на проблемите, велат од неформалната група Арт Активизам Тетово во писмото упатено до јавноста.

На останатите табли се поставените пораките: „Не ми е гајле каде се паркирам“; „Не ми е гајле каде фрлам ѓубре“; „Не ми е гајле што нема јавен превоз”; „Не ми е гајле што има дупки”.

Би можело да ве интересира

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Фирмата на семејството Дестани која требаше да ја гради фабриката за автомобили во Тетово оди во стечај

Орце Костов