Арсовски: Заев по секоја цена со европско знаменце во Собранието сака да го изгласа Законот за марихуана

Од:

Заев по секоја цена со европско знаменце сака во Собранието да го изгласа Законот за марихуана.Предложен пред само неколку дена од страна на Владата, нормално од најверниот претставик кој го брани до крај криминалот на Зоран Заев и власта, Венко Филипче, како ресорен министер на министерството за здравство рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„По ниту едно поглавје, по ниту еден критериум и интерес на европското семејство и ЕУ не може да се стави овој закон за марихуана или канабис да биде изгласан со европско знаменце. Тоа е закон кој е единствено од интерес на нарко мафијата, односно на картелот Заеви кои ја предводат таа мафија. Тоа е закон кој треба да го легализира она за кое што е уапсен шоферот на Трајче Заев и командирот на прилепската полиција кои беа уапсени за шверц на марихуана. Овој закон треба да го легализира тоа и овие луѓе да бидат на слобода“ – вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

Балканска шверцерска група падна со 79 килограми марихуана на македонско-грчката граница

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис