Арсовски: Заев и Филипче ги заплашуваат и ги дискриминираат граѓаните

Од:

– Зоран Заев и Венко Филипче повторно и повторно како и во текот на целата пандемија прават катастрофално погрешни чекори. Или со еден збор циркус Влада.На праг на четвртиот бран наместо да понудат решенија, тие репресираат и на сила и заплашувачки, дискриминаторски се однесуваат кон граѓаните. За СДСМ има само вакцинирани, а за живи не ги сметаат оние кои имаат створено антитела преку прележување на корона вирусот рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Никој не е против вакцинирање, само мора да се излезе од насилната матрица на Владата на Зоран Заев, на Венко Филипче и оние кои што имаат стекнато имунитет преку прележување на болеста, да бидат исто третирани како и оние кои што се вакцинирани. Никој никому не смее да му оспори право на живеење и секојдневие ако има стекнато имунитет на едниот или другиот начин. Целта на сето ова кое што во моментов го спроведува Венко Филипче е да се плаши и репресира населението односно граѓаните пред претстојните локални избори. Да не беа изборите, за Зоран Заев и Венко Филипче се уште ќе важеше максимата ново нормално и дека ја победиле короната, како што неколку пати знаете до сега ја победуваат и никако да ја победат, секој нареден бран е посилен од претходниот. Власта покажува дека врши дискриминација и го репресира сопствениот народ само за да предизвика страв пред изборите и да ги исплаши граѓаните“ – рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

Филипче: Со Мицкоски нема реформи, Македонија тапка во место кон ЕУ

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација