Арсовски: Владата на Заев веќе втор ден бега од одговор околу квалификациите на лицето Силвио Аврамовски

Од:

„Премиерот Зоран Заев и криминалниот картел на власт не работат во интерес на граѓаните и државата, туку само за себе и бизнисите на своите блиски.

Буџетот и државните институции им служат единствено за задоволување на партиските потреби и исплата на долговите и обврските што ги презеде Зоран Заев пред изборите.

Зоран Заев го наполни премиерскиот кабинет со 56 советници, а што е најтрагично како негови советници фигурираа и се уште фигурираат лица со средно образование, со криминални досиеја и без ниту еден резултат зад нив. Трагедија е што сето ова го плаќаат граѓаните.

Владата на Зоран Заев веќе втор ден бега од одговор околу квалификациите на лицето Силвио Аврамовски, човек кој е тотално непознат за јавноста, но сепак Зоран Заев си го назначил за надворешен соработник за економски прашања и зајакнување на економската соработка со земјите од Кавказ и Блиски Исток.

Јавноста ја интересира дали со нивни пари се плаќа човек кој учествувал во вооружен инцидент и пукал во припадник на безбедносните сили?“, праша Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Повторно прашуваме, дали Силвио Аврамовски во локалот „Ин да клаб“ во Тетово пукал и потоа бил процесуиран од страна на истражните органи? Дали Силвио Аврамовски бил осуден за вооружениот инцидент и одлежал казна затвор? Дали можеби Силвио Аврамовски потоа бил помилуван?

СДСМ може да се обидува да глуми опозиција колку сака, но фактичката состојба вели дека имаат обврска да кажат каде ги трошат парите на граѓаните.

Следниот друг скандал го отсликува односот на СДСМ кон медиумите. Имено, во моментов на советничката листа на Зоран Заев е ангажирањето на Ѓорѓи Калајџиев. Овој човек од позицијата одговорен уредник на регионалната телевизија ВИС во Струмица е ангажиран за советник на премиерот Заев. Тој патем, се уште е новинар па се поставува прашањето дали е етички еден новинар истовремено да биде и новинар и советник на премиерот. Дали овој човек со парите на граѓаните истовремено ќе има задача да ги велича политиките на СДСМ и Заев, токму во медиумот кај што е новинар во моментов? Дали Ѓорѓи Калајџиев го оди патот на Роберт Поповски и Мухамед Зекири кои од новинари што правеа интервјуа на Заев, добија државни функции и високи позиции и со тоа им се исплати нивниот ангажман во време кога беа новинари претходно?

Зоран Заев ја потценува интелигенцијата на граѓаните и ги девалвира институциите. Како советници ангажира некомпетентни и неспособни кадри, лица со криминални досиеја и сомнително минато чија што единствена препорака е тоа што се премногу блиски на премиерот и тој одлучил неговите долгови кон нив да ги расчистува со парите од буџетот на граѓаните.

Над половина милион евра Заев со парите на граѓаните ги плаќа своите советници, од кои најголем дел од нив по ниту еден критериум во нормална Влада не би биле советници на ниту еден Премиер на Светот.

Доколку информациите за сомнителното минато и некомпетентноста на советникот Аврамовски се точни, истиот треба уште веднаш да се повлече од функцијата. Доколку информациите за ангажманот на Ѓорѓи Калајџиев се точни тогаш тој треба уште веднаш да се повлече од функцијата како советник на Заев.

Зоран Заев ја потценува интелигенцијата на целиот народ. Зоран Заев си поигрува со граѓаните и ги расфрла нивните пари.

Ова лудило мора да прекине, а овој криминален картел мора веднаш да се разбие и да падне“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата денеска објави список на советници на поранешниот премиер Никола Груевски. Во списокот стои 91 лице Тие велат дека таа листа не е конечна и дека според податоците кои што до сега ги обработиле повеќе од 1,7 милиони евра биле потрошени за овие советници.

– Би сакал да истакнам дека СДСМ не треба да глуми опозиција и да ја дефокусира јавноста околу скандалозното расфрлање со парите на граѓаните за сегашните советници, со тоа што ги деволвира институциите во моментот со именување на истите лица на високи функции кои што се инаку и на американската црна листа за вооружен инцидент и се осудувани со казна затвор. Не е точно дека Никола Груевски како Премиер имал ангажирано над 90 односно поточно 92 лица. Од целата листа која што ја извадија од Владата на СДСМ денеска, тие сакаат да манипулираат бидејќи само дваесетина лица биле надворешни советници во целиот период од десет години додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт а сите други биле ангажирани во рамките на државната администрација со звање советник бидејќи, доколку не знаат од Владата во администрацијата постои звање „советник“ како редовно вработен. Тука би сакале да демантирам исто така и во однос на ангажманот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицковски како советник на тогашниот Премиер, Никола Груевски дека неговиот коефициент бил 1.8 и не е објавен податок колку била неговата плата . Точно беше 1.8 но веднаш потоа беше преминат во пробоно и не земаше никаков паушал за неговиот ангажман како советник на Премиерот Груевски, и тоа неколку пати веќе и јавно е истакнато, со тоа што СДСМ со ниту една манипулација не може да дефокусира и да го прикрие срамот кои што го нанесоа со назначувањето на командант Хоџа, на Љубе Бошковски, на Силвио Аврамовски за кој што втор ден немаме одговор, и многу други лица кои што се наоѓаат на неговата советничка листа, одговори Арсовски.

Би можело да ве интересира

Лефков: Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Унијата

Катерина Ѓуровски

Филипче: Нема да бидеме параван на пропаднатите политики за ЕУ на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа