Арсовски: Раководството на ГТЦ преку цензура се обидува да заштити криминал

Од:

Копањето криптовалути преку машини во подрумите на ГТЦ изминативе 3 години дуќанџиите, односно сопствениците да дуќаните и оние кои што имаат таму или водат бизнис ги чинело милиони евра. Од сопственици на бизниси ги доведоа на питачки стап рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, димче Арсовски.

-Дополнително, обидот за цензура од страна на ГТЦ е пуштен на најјако, откако завчера раководството на ГТЦ се обиде да прекине моја прес конференција пред влезот на канцелариите, а истиот ден се обидоа и да прекинат мирен протест и им забрануваа да говорат пред медиумите на сопствениците на дуќаните во ГТЦ, ова нема да помине. И Ѓоко Трајчевски и Трајанка Тасевска, кои се кадри на СДСМ и партиски штитеници на Зоран Заев, во ниту еден случај нема да замолчат никого. Единствено што можат е да си подготвуваат одбрана и да им објаснат на сопствениците на дуќаните колку пари им е направена штета изминативе години и дали и на кој начин ќе им надоместат. Вчера медиумите исто така пренесоа дека и во железница се копале криптовалути во канцеларија. Замислете, државата е девастирана од оваа Влада. Не се знае во ниту една институција што и како се прави. Нема никаде ред, се работи недомаќински и сето тоа, заради храброста која ја добиваат членовите на СДСМ од Зоран Заев и си мислат дека државата е нивна, вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски