Арсовски од Влада: Отворени сме да разговараме за декриминализација на канабисот

Од:

Отворени сме во секој момент да разговараме суштински за решенија за декриминализација и депенализација, преку измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци, изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

„Потребно е секако да има широка стручна дебата каде ќе бидат вклучени сите засегнати страни, институции, граѓански здруженија, медицинската фела.

Треба да се видат ефектите од користењето, понатаму системот за контролирање, како ќе се контролира и изведе ова. Ова е процес во кој неопходен е ставот на сите. Предложено од Владата е донесување на измени и дополнување на Законот за опојни дроги, ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели, со кои ќе се поттикнат нови инвестиции и нови работни места“, изјави Арсовски.

Тој соопшти дека во овој момент одгледувањето на канабис е дозволено само на правни лица кои имаат одобрение за одгледување на канабис, издадено од Министерството за здравство, а по претходно добиена согласност од Владата.

Министерството досега има издадено 55 одобренија на фирми за одгледување канабис за медицински цели, додека 17 имаат поднсено барање кои се на повторен увид во владина процедура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски