Арсовски: Нема матна или коруптивна зделка каде што не се вмешани луѓе од врвот на СДСМ

Од:

Откако дојдоа на власт во 2017 година СДСМ и ДУИ не прекинаа со крадењето на парите на граѓаните. Изминативе неколку години сме сведоци како секој еден можен функционер на СДСМ буквално си зема од парите на граѓаните и не одговара за истото. Најинтензивно го чувствуваат граѓаните на своја кожа криминалот и корупцијата на овие луѓе кои владеат со владата и со државата рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

– Мухамед Зекири видовме преку медиумите дека без тендер во 4 очи направил коруптивен договор со двајца хрватски државјани во вредност од околу еден милион евра, правејќи фиктивни физибилити студии за рационализација и продажба на институција која што е под владата Македонски пошти. Или како што и самите знаат да кажат тоа било семинарски труд. Македонски пошти е компанија која што свесно изминативе неколку години ја пропаднаа владата на СДСМ и ДУИ, таму вработените немаат пари да поделат плати, а Мухамед Зекири наместо тие еден милион евра кои ги ограбил или сакал да ги украде или кои ги земал парите на граѓаните, наместо да ги инвестира како влада во Македонски пошти и да помогне да профункционира таа институција, Мухамед Зекири како кумашин на Зоран Заев истите тие пари си ги присвоил за себе вели портпаролтот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите знаеме вели Арсовски дека нема тендер, нема матна зделка или коруптивна, каде што не се вмешани други луѓе од врвот на СДСМ. Тој прашува и дали и колку пари завршиле кај Зоран Заев, дали и колку пари завршиле кај Ковачевски.

– Дали е можно, најблиските луѓе на Зоран Заев и на Ковачевски да крадат, а тие да не земат процент? И за ова треба да одговори обвинителството. После Драги Рашковски, Мухамед Зеќири. После Мухамед Зеќири ќе видиме кој ќе е, но најверојатно и тој ќе биде по истиот терк, бидејќи таму бираат луѓе единствено кои што знаат да ја завршат домашната задача. Но, криминалната домашна задача, а не домашната задача за граѓаните рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија