Арсовски: Кукавички е Мицкоски сега да поднесе оставка

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски не поднесувањето оставка на Мицкоски го правда со околностите во кои се наоѓа државата, а таквата постапка ја оценува како кукавички чин. Тој не ги искоментира барањата кои доаѓаат од актуелни и поранешни членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Арсовски смета дека оставката на Мицкоски е завршена тема за која нема што повеќе да се каже.

„Ова прашање е веќе одговорено од страна на партијата, претседателот Мицкоски и така натака. Би било кукавички чин, сега, во овие околности, оставка, кога Зоран Заев и СДСМ буквално ја тероризираат и крадат целата држава. Сметам дека ова е завршена тема на која не би имале што повеќе да додадеме. Подобро е да се фокусираме на криминалот кој што го прави СДСМ“, рече Арсовски.

Претходно, преку објави на социјалните мрежи, се повеќе членови на ВМРО-ДПМНЕ го искажуваат револтот кон лидерот на партијата, Христијан Мицкоски за изгубените избори и неуспехот да состави Влада, а притоа, бараат оставка од него и првите луѓе кои ги сметаат за виновни поради неуспехот. Ваквата реторика е засилена откако се официјализираше коалицискиот договор помеѓу ДУИ и СДСМ со кој тие добија ново владино мнозинство.

Меѓу нив се поранешната пратеничка и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, поранешниот амбасадор на Македонија во САД и преговарач за спорот со името, Васко Наумовски, Петар Богојески кој беше заменик генерален секретар на партијата и дел од т.н. „реформатори“ на ВМРО-ДПМНЕ, поранешната пратеничка и член на ИК, а подоцна и исклучена од паријата, Нола Исмајлоска-Старова, поранешниот член на ИК, Александар Митов, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, ексминистерот за надворешни работи, Никола Поповски, ексминистерот за здравство, Никола Тодоров, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ