Се посилен притисок Мицкоски да ја напушти лидерската позиција

Од:

Преку објави на социјалните мрежи, се повеќе членови на ВМРО-ДПМНЕ го искажуваат револтот кон лидерот на партијата, Христијан Мицкоски за изгубените избори и неуспехот да состави Влада, а притоа, бараат оставка од него и првите луѓе кои ги сметаат за виновни поради неуспехот. Ваквата реторика е засилена откако се официјализираше коалицискиот договор помеѓу ДУИ и СДСМ со кој тие добија ново владино мнозинство. Меѓу последните кои бараат одговорност се актуелни, но и поранешни членови на паријата кои беа исклучени за време на владеењето на Мицкоски, како и поранешни истакнати функционери на партијата.

„Време е партијата да се врати во рацете на членството, без поделби на ваши и наши, стари и нови членови и членки, подобни и неподобни. Време е за силно и обединето ВМРО ДПМНЕ. Време е пак да славиме победи, а не да се мислат стратегии како да се оправда поразот со некоја нова лага. Време е за одговорност за лошите политики. Време е за оставки“, напиша поранешната пратеничка и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Поранешниот амбасадор на Македонија во САД и преговарач за спорот со името, Васко Наумовски, во изминатиов период има објавено неколку статуси порачувајќи „Од грешките може многу да се научи, само доколку не се губи време во нивно негирање“, а под објавата е споделена и фотографија од приврзок со слоган на ВМРО-ДПМНЕ.

„Политичарите и пелените мора често да се менуваат, од иста причина“, објавил Наумовски споделувајќи цитат од Марк Твен, за потоа, во друга објава да сподели: „Луѓето што те однеле во пораз, нема да те однесат во победа“.

И Петар Богојески кој беше дел од т.н. „реформатори“ на ВМРО-ДПМНЕ, бара оставка од Мицкоски, бидејќи смета дека е пречка за реорганизација на партијата со цел победа на следните избори.

„Единствената пречка за учество на ВМРО ДПМНЕ во Влада или за реорганизација на опозицијата, кон нова победа, е г-дин Христијан Мицкоски“, напиша Богојески.

Истиот став го дели и искчучената од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, која смета дека ова раководство предводено од Мицкоски може да донесе само нови порази, но не и победи. Таа смета дека чесното членство тоа го знае тоа, но и јавноста преку јавното изразување на незадоволството.

„Очигледно е дека единствени кои сметаат дека Мицкоски треба да остане лидер на ВМРО-ДПМНЕ е самиот тој и неговото опкружување со кое излегува во кафеана. Човек кој не е доследен да го исполни ветеното, дека ќе даде оставка во случај на пораз или ако не состави влада, не заслужува ни да биде коментиран. Партијата има чесни кадри, а тие треба да си ја вратат моќта“, смета Исмајлоска-Старова.

Поранешниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Митов, на социјалните мрежи напиша: „Кога е дојдено времето за одење, подобро излези низ врата, отколку низ прозор“, а потоа, во посебна објава, додава: „Секоја организација си го заслужува своето раководство, а со тоа и судбината“.

Кога е дојдено времето за одење,подобро излези низ врата,отколку низ прозор.

Posted by Aleksandar Mitov on Вторник, 18 август 2020

Секоја организација си го заслужува своето раководство, …а со тоа и судбината.

Posted by Aleksandar Mitov on Среда, 19 август 2020

Новата коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ одби да ја искоментира експратеникот Влатко Ѓорчев. Тој наместо личен став, нè упати да побараме партиски став од портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ, по што не одговараше на телефонските повици.

Ослободување на партијата од Мицкоски претходно побара и Сашо Мијалков, нарекувајќи го товар за ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО ДПМНЕ не заслужува лидер кој лаже и бега од одговорност. Ако Мицкоски му дозволи на Заев да ја направи новата влада и не успее да испреговара поинакво мнозинство, дефинитивно треба да си замине и да ја ослободи партијата. После овој неуспех Мицкоски самиот ќе се претвори во најголем товар на ВМРО ДПМНЕ“, објави Мијалков.

Фајде од плачењето и глумата на Мицкоски по телевизии и портали нема ни јавноста, а уште помалку членството на ВМРО…

Posted by Sasho Mijalkov on Петок, 31 јули 2020

Повик за оставка на Мицкоски имаше и ексминистерот за надворешни работи, Никола Поповски, а промени во ВМРО-ДПМНЕ бараше и ексминистерот за здравство, Никола Тодоров. Став дека треба да се избере ново раководство, поради како што вели, четири изборни порази, има и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред девет месеци и сам во интервју за „Макфакс“ изјави дека ќе поднесе оставка доколку партијата изгуби на избори, па дури и ако победи, а не успее да состави Влада. Во интервјуто од минатиот октомври тој беше дециден во намерата да отстапи од лидерската функција доколку еден од овие услови е исполнет. ВМРО-ДПМНЕ освои два пратеници помалку од коалицијата предводена од СДСМ на овие избори, но Мицкоски кажа дека победил на изборите и не го призна поразот. И ИК на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека победиле на изборите и го овласти Мицкоски да преговара за составување на нова влада.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа и тој бран на промени ќе ја порази оваа власт

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Се слушнав со Таравари, во деновите што следат ќе разговараме со сите кои се против политиките на СДСМ и ДУИ

Анита Петровска Рајковиќ

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски

Мицкоски: Се чувствува дека Силјановска Давкова ја има довербата од граѓаните, се ближи крајот на принципот на ДУИ и СДСМ како до сега

Предраг Петровиќ

Мицкоски: На Македонија и треба претседател, а не измеќар на ДУИ

Горан Наумовски