Гореше старата конструкција од Универзална сала вели сопственкот на фирмата што го реконструира објектот

Од:

Пожарот во Универзалната сала се случил во стариот дел и гореле стари материјали, иверки, плочки, новиот дел не е зафатен, изјави Лазар Арсовски, сопственик на „Универзал Балкан“-Скопје, фирмата изведувач што го реконструира објектот. Претпоставува дека е можно да бил предизвикан од стар кабел или од старата инсталација и рече дека во моментот на пожарот внатре немало нивни инженери и работници зашто денеска немале градежни активности.

-Имаме среќа што целата инфраструктура внатре – од столчиња, сценски технологии итн. е извадена надвор и гореше, всушност, старата конструкција, стари иверки, ѕидови, плочки итн. Само еден инженер беше вон салата, во нејзините канцеларии, и имавме чувари, двајца работници, но денеска немавме никакви интервенции и седеле на работното место. Во прв момент, претпоставуваме дали стар кабел, не можеме да знаеме сега. Некоја стара инсталација, тргнал чадот, никој немало во салата. Моите мајстори пробале со противпожарен апарат да го изгаснат, тоа се иверки стари со години, суви и брзо горат. За половина час таа самата скоро се изгаси затоа што нема што да гори во неа, рече Арсовски.

На прашање дали се сомнева во човечки фактор за причина за пожарот, одговори дека тоа не може да го каже зашто, рече, „инженерите не виделе ништо“.

-Можно е. Но, ние сепак салата ја чуваме три години. Имало ситни проблеми од ваков тип во смисла не пожар, но искра од кабел итн., сме ги санирале. Не знам, не можам ни да претпоставам. Во салата сега немаше градежни активности, немаше градежни работници. До пред пет до десет дена имавме преку 80 луѓе внатре и среќа што тогаш не настанал ваков проблем. Тогаш сигурно би било многу, многу попроблематично отколку сега. Сега, во глобала, она што го гледаме е стариот дел на Универзална сала, рече Арсовски.

Се надева дека за новата конструкција ќе нема проблеми и побара „слух од инвеститорите“, како што рече, „без разлика кои се – политички партии, градоначалници – оваа сала што побрзо да се направи“.

-Како компанија многу се измачивме за да го изведеме сето ова и само се молиме новата конструкција да не треба да претрпи големи промени, рече сопственикот на фирмата изведувач.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за екс министерката Костадиновска Стојчевска за Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Љутков: Универзална сала е преземена на незаконски начин

Љутков: Ќе се повтори постапката околу преземањето на Универзална сала во Скопјe

Горан Наумовски

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

A1on

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

A1on