Арсовски: Филипче наместо да раскине договор со фирмата што го гради Клинички во Штип, им исплатил 2.5 милиони евра

Од:

„Пет години владеење на СДСМ и на оваа влада која како што видовме освен расипничка не е ништо друго и се уште нема ниту трага ниту глас од Клиничкиот центар во Штип. Како и секој еден крупен капитален проект во време на СДСМ, ниту овој проект нема да види бел ден со нив. Цели пет години поминаа, а СДСМ не стави ниту една цигла и не закова ниту една шајка во Клиничкиот центар во Штип“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако го доживеаја огромниот пораз на локалните избори и свесни дека ќе си заминат од позициите во Владата, Венко Филипче прв побрза и се сети на Клиничкиот центар во Штип, но не за да го гради, и за да биде во корист на граѓаните, туку за да Венко Филипче исплати 2.5 милиони кон грчката фирма која го гради, Интракат и тоа изведувајќи сериозна операција каде биле вклучени најверојатно според пишувањата на медиумите, повеќе министри од владата на СДСМ што е и извршен притисок врз судството за да се одблокира сметката токму на оваа фирма Интракат, која должи на над 600 македонски компании подизведувачи.

Според написите во медиумите тогашниот министер за правда Маричиќ издејствувал во месец ноември 2021 веднаш по локалните избори да се одблокира сметката на фирмата Интракат од страна на Судот и баш тогаш кога била одблокирана, Венко Филипче во неколку трансакции во неколку наврати ги префрлил тие 2.5 милиони евра. Филипче платил 2.5 милиони евра, на фирма која повеќе од 1.5 година нема ниту еден вработен на објектот и е со блокирана сметка до неодамна. Наместо да го раскине договорот Филипче, тој им исплатил сериозна сума на пари. Милионска сума на пари буквално за ништо.

Веднаш потоа, сите пари биле испумпани надвор од Македонија во странство. Долгот кон тие над 600 компании во Македонија кои биле подизведувачи останува неисплатен.

Дали Бојан Маричиќ извршил притисок врз граѓанскиот суд да ја тргне блокадата на сметката на Интракат? Дали фирмата Интракат преку странски сметки ќе дава провизии и ќе исплаќќа провизии за овие милионски трансакции на македонски политичари?

Проценете сами. Едно е јасно. Криминалот на СДСМ секогаш од далеку мириса и се гледа“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски