Арсовски: Дали Заев и Спасовски се плашат да спроведат истрага кој пукал на митингот на ДУИ или ги штитат криминалците кои пукаат?

Од:

СДСМ и нивната коалицијата во владата се однесуваат како да се на див Запад. Во сред изборна кампања во 21 век, сеуште гледаме пукање во толпа во воздух на собири на партии на власта во овој случај ДУИ рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

„Оливер Спасовски овие три дена нема спроведено никаква истрага, затоа што и тој и Заев, не само што се плашат да го спроведуваат законот од коалиционите партнери, туку едноставно и имаат двојни аршини за луѓето од власта и за обичните граѓани. Еве јавно прашуваме зошто се уште нема спроведено истрага, кој пукал, зошто пукал и со какво оружје пукал? Втора работа дали Оливер Спасовски се плаши или пак ги штити оние што пукаат на партиски собири? Едно е јасно, истрага до овој момент нема, или пак јавно не е кажано дека има, но очигледно е дека нема и најверојатно нема ни да има, бидејќи ќе се обидат да го заташкаат и да го покријат случајот“ – вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски