(ВИДЕО) Арсовски: Дали работењето на Иловица зависи од тоа дали фирмите на Заеви ќе добијат транспорт на руда до Петрич

Од:

Заев и СДСМ избегнуваат 4 дена да дадат оговори за која намена се формирани трите фирми на Заеви во еден стан во градот Петрич во соседна Република Бугарија. Затечениот Заев сеуште не кажа дали овие фирми се формирани за да добијат бизнис од рудникот Иловица за чие работење Заев драстично го промени ставот во споредба со изјавите кои ги даваше пред две или три години наназад, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Што се промени господиине Заев? Дали бизнисот со транспорт и логистика на рудата од Иловица до Петрич, бизнис тежок 10 милиони евра годишно, можеби ги промени вашите ставови?

Официјалните податоци на компанијата која менаџира со проектот рудник Иловица тврди дека 60 до 80 илјади тони руда годишно од рудникот ќе се транспортираат со товарни возила 47 километри од Иловица до, внимавајте градот Петрич од каде потоа со железница ќе се транспортира до топилницата Пирдоп.

Инаку градот Петрич е градот каде што се регистрирани трите фирми на Заеви.

Многу симптоматично е што токму Заеви отвориле фирми во Петрич, во период кога Заев почнува да го менува ставот за работењето на рудникот Иловица и тоа за дејност транспорт и логистика. Овој бизнис кој се овозможува со отворањето на рудникот Иловица тежи над 10 милиони евра годишно.

Зоран Заев зошто молчиш? Одговорете дали работењето на рудникот Иловица зависи од тоа дали фирмите на Заеви ќе го добијат транспортот на руда до градот Петрич каде се пријавени фирмите Гомасиндра, Ориент Груп и Радиша трејд? Што се случи со изјавите на вашата партија дека рудникот Иловица има сериозни закани по здравјето на луѓето, или пак некои бизнис интереси го променија вашиот став, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Светот се подготвува за растечка потреба од бакар, Македонија дебатира за Иловица

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Од дата-центрите до електромрежите: светот ќе бара сè повеќе бакар, Македонија го има потенцијалот за нов рудник

А1он

Иловица и Плавица меѓу напредните рударски проекти: Струката ги посочува пречките за развој на критичните материјали