Арсовски: Дали ЈО ќе отвори случај за Зоран Заев и брат му, кои управувале и контролирале обвинители и како што сведочеше Јовановски вршеле рекет

Од:

„Зоран Заев управувал и контролирал судии и обвинители. Зоран Заев е човекот кој е на врвот на криминалното милје во Република Македонија изминативе години. Тоа го сведочат и многу луѓе коишто имале блиски контакти со него. Сведоштва и тврдења за рекетирање на бизнисмени, сведоштва и тврдења за контролирање на судии и обвинители, сведоштва и тврдења за вмешаност во криминал. Сето ова поврзано со еден човек тоа е Зоран Заев“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Таткото на Бојан Јовановски, обвинет во „Рекет“ и во „Меѓународен сојуз“, Миле Јовановски, јавно сведочеше и изнесе дека Зоран Заев и наредувал на Катица Јанева да враќа пасоши и да ослободува луѓе кои претходно ги уценувале.

Замислете, во два наврати слушаме сведоштва и тврдења каде што братот на Зоран Заев, Вице Заев се заканувал по животот на луѓе, само за да молчат и да не ја говорат вистината, односно да ја преземат неговата целосна вина којашто ја имаат тие.

Јавно во писмо од обвинетиот за „Меѓународен сојуз“ и „Рекет“ Бојан Јовановски, целата јавност можеше да прочита дека фамилијата Заеви рекетирале бизнисмени, за коишто имало и докази во одредени телефони и конверзации на апликации.

Затоа јавно прашуваме, дали се вештачени и доколку се вештачени, до каде е вештачењето на тие телефони?

Зошто телефонот на Зоран Заев и на неговиот брат не е вештачен, односно не се земени за вештачење, за да се види какви се конверзации има внатре и вмешаноста во овие случаеви?

Јовевски вели дека биле преземани постапки по кривични пријави против лица од власта и од Обвинителството, којшто ги поднел обвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски, а истото тоа Обвинителство против луѓе кои имаат поднесено кривични пријави, не ги изземаат од случаеви само за да ги покриваат криминалите.

Дали Обвинителството конечно ќе отвори случај и за Зоран Заев и за брат му, за да конечно излезе вистината на виделина?

До кога Обвинителството ќе ги штити главните виновници во случајот „Рекет“?

До каде се кривичните пријави коишто ги поднел обвинетиот Бојан Јовановски кон лица од власта, меѓу кои од врвот на СДСМ?

Правосудството во Република Македонија се покажа и докажа изминативе години дека е контролирано од Зоран Заев и тоа е факт којшто го знаат сите и не може да се промени. Тој тужи, тој суди, тој рекетира и тој одлучува што понатака со човечки судбини“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција