Арсовска: Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат

Од:

„Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, за што документи се доставени до обвинителство и има изјави кои сведочат за начинот на кој ги спроведувал овие незаконски постапки, институциите уште се мислат кога да ПОЧНАТ да постапуваат“, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

„Во меѓувреме Висар си брише имотни листови од Катастар, замислете овие луѓе кои до вчера имале имот, денес немаат, поради неговите фалсификати.

Фалсификатот го запишувал во Катастар на 20.03.2025 година сред денови на жалост за трагедијата во Кочани, користејќи период кога мислел дека нема никој да примети што прави.

1. Барање за упис во катастар
2. Решение за упис во катастар со фалсификат документи
3. Барање за бришење имотен лист од катастар
4. Решение за бришење да може да го уништи досието со фалсификатите
5. Катастар за 24 часа го брише досието со што директно овозможува да можат да се уништат докази за делото

Зошто само 2% доверба имаат граѓаните во правосудството? Во моментов во затвор лежат луѓе за влез во Собранието на 27 април и за 100 ќебапи. Таму се постапило веднаш! Во Чаир кај Висар Ганиу ќе влезат да обезбедат докази за некоја година, нека троши кеш и нека ужива до тогаш!“ – додаде Арсовска.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот