Арсовска веќе нема никаква врска со ВМРО ДПМНЕ, на здравје коалиција со антимакедонската СДС, тврди опозициската партија

Од:

„Арсовска веќе нема никаква врска со ВМРО ДПМНЕ, на здравје коалиција со антимакедонската и дезертерска СДС која и плаќа билборди и спотови. СДС ги плаќа билбордите и видеата на Арсовска, коалиција дезертерска темелена на уцени и бизнис интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Не поминаа неколку дена се покажаа вистинските мотиви на Арсовска, тајните средби со дезертерот Ковачевски и Зечевиќ имаат ефект, тие и ги плаќаат билбордите низ Скопје, за политичка пропаганда.

Арсовска наместо да работи се занимава со политиканство, одработува затоа што е уценета.

Арсовска свесно го загрози проектот за прочистителна станица на реката Вардар. Таа спротивно од препораките и правилата на ЕИБ и ЕБОР сакаше да менува комисија во тек на постапка.

Заради Арсовска е загрозен проектот за прочистителна станица за Скопје, а намалена е и довербата на градот, како институција во очите на странските кредитори и даватели на грантови.

И наместо да се фати за работа, Арсовска во коалиција со СДС смислува кампања и се фрлаат народни пари за билборди и спотови во ек на криза.

Народот го гледа лицемерието на СДС и Арсовска и тоа ќе го казни“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски