Арсовска со кривична за цементарница: Не може граѓаните да бидат жртви на неколкумина кои со децении нè трујат

Од:

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ќе поднесе кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ оти инспекторите од Град Скопје и од Министерството за животна средина утврдиле дека испушта штетни честички и гасови трипати над дозволените граници.

„Преземав иницијатива за покренување кривична постапка против цементарницата ‘Титан Усје’ за непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина со што се загадува воздухот, почвата, водата во поголем обем и со што се предизвикува опасност по животот и по здравјето на луѓето. Граѓаните на Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении не трујат обидувајќи се со донации по општините со коруптивно однесување со најразличен вид на влијанија да се амнестираат за одговорноста за загадувањето на животната средина од која што илјадници наши сограѓани страдаат од бројни заболувања“, рече градоначалничката Арсовска.

Мерењата, на иницијатива на Град Скопје, ги направиле заеднички со Министерството за животна средина на 26 и 27 декември минатата година и на 3 и 4 јануари оваа година. Во двата наврати Арсовска извести дека се измерени огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици кои го загадуваат воздухот. Во декември измерени се трипати повеќе ПМ 10 честици од дозволената граница, а слични биле резултатите и од овој месец. Дополнително, инспекторите утврдиле и дека има надминување и на граничните вредности на азотни оксиди при контрола во котларата за загревање на фабриката. Мерењата покажале 711 милиграми, односно повеќе од двојно поголеми вредности од дозволените 350 милиграми на кубен метар.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Тошковски: Се постапува за утврдување случаи со дивоградби

Предраг Петровиќ

Арсовска до ОЈО достави 20 нови предмети во врска со градби во Чаир

А1он

Арсовска: Обвинителството започна постапката по првата пријава за фалсификатите од Општина Чаир

Арсовска: Висар Ганиу и Ејуп Адеми му овозможиле легализација на уште еден малолетник Адис Беќаровски, врз основа на барање кога имал 5 години