Арсовска: Се интервенира на сите локации погодени од силното невреме

Од:

радоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска одржа координативен состанок со градоначалниците на сите скопски општини и директорите на градските јавни претпријатија, поради силното невреме кое вчера го зафати Скопје, како и во врска со најавите за нови временски непогоди во скопската котлина деновиве.

На состанокот на кој беше дискутирано за моменталната ситуација на терен, се донесоа едногласно заеднички заклучоци и ставови.
Досегашните преземени активности за санирање на состојбите, подготовки за можно невреме, се со зголемена координација меѓу Град Скопје и општините во насока на здружување на ресурсите и екипите за интервенција при невреме на најпогодените и најкритичните места. Исто така, на состанокот се дискутираше за проблемот со нискиот процент покриеност на Скопје со атмосферска канализација, особено на општинските улици и во моментов се прават анализи за надминување на овој долгогодишен проблем.

– Сите екипи и денеска се мобилизирани на терен, се интервенира на сите локации погодени од силното невреме, а штетите се санираат. Екипите остануваат подготвени а приоритет во расчистувањето имаат приодите кон критичните места во градот – истакна Арсовска.

На состанокот, градоначалниците заеднички побараа долгорочно решение за зачестениот проблем со паднати дрвја при секое посилно невреме во Скопје, што претставува опасност по безбедноста на граѓаните и нивните имоти. За решавање на овој зачестен проблем се дискутираше за реализација на голема акција во сите општини координирано за сечење на сите стари и суви дрвја, бидејќи претставуваат опасност по безбедноста на граѓаните и нивните имоти.

Градоначалниците истакнаа благодарност до екипите на јавните претпријатија за брзата интервенција и за добрата координираност со службите од Градот Скопје. Едногласно се донесе заклучок координираната соработка да продолжи до целосно санирање на штетите.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за мажот кој ја навредуваше, па и се закануваше на Данела Арсовска

Кривичен одлучи: Напаѓачот на Данела Арсовска оди во притвор

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Обвинителство отвори постапка против двајца осомничени за насилство врз Данела Арсовска

А1он

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: За градоначалничката на Скопје, немам што да додадам

А1он