Арсовска: Пред полицијата ме удираше со клоци и ми се закануваше дека ќе ме силува

Од:

Скопската градоначалничка Данела Арсовска по излегувањето од Градската болница кажа дека имало физичлки напад врз неа, а полицајците не ја заштитиле. Таа тврди дека насилникот контсктирал со лица на високи позиции во МВР и пред сите повикувал службеници, најавувајќи закани за ликвидација на членовите на нејзиното семејство.

„Најпрво лицето ми се закануваше вербално, не можам ни да ги изговорам зборовите што ги употребуваше. Ми велеше дека ќе ме силува, дека ќе ме убие. Потоа ме нападна со клоци, а полицајците само го тргнаа и застанаа пред мене. Не презедоа ништо. Се јави на дваесет луѓе од МВР, ги предупредуваше што ќе ми направи, им велеше дека ќе ги ликвидира моите“, изјави Арсовска.

Според неа претставниците на МВР кои биле таму „со нежни зборови, го поместија малку по што продолжи да се заканува и кон мене и кон советниците и вербално да ги напаѓа“.

„Ме нападна физички со тепање, замавнување, со клоци, пред очите на МВР. Наместо да биде веднаш приведен, полицијата му дозволи повеќе од половина час да се јавува по луѓе, по пријатели и да раскажува што ќе ми прави и тоа на цел глас. Што ќе ми прави мене, на моето семејство, на моето дете“, рече таа.

Според Арсовска била нападната од лице за кое претпоставува дека е лично засегнато од објект кој е дивоградба и за кој биле поднесувани пријави во неколку наврати. Таа кажа дека објектот има познат иако дивоградба, има две плочи, и продолжува да се гради.

„Затекнато е како краде струја, вода, нема платено ниту еден денар, ниту данок, ниту комуналии, ниту на градот ниту на било кое друго место. Нема никакво одобрение и никаква документација за истото“, рече Арсовска.

Би можело да ве интересира

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

ЗНАМ: Насилството мора да биде санкционирано со полна сила на институциите

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот