Арсовска: Немам фирма на мое име ниту долгови, ќе поднесам тужба за клевета

Од:

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, преку соопштение реагира на денешната прес конференција на Дарко Каевски од СДСМ.

„Згрозена сум од конструкциите што ги пласира СДСМ. Не само што информациите изнесени на прес конференцијата не се точни, туку безобразна политичка конструкција. Поради тоа ќе поднесам тужба за клевета до Дарко Каевски од СДСМ кој ги изнесе овие невистини. Јас не сум политичар, зад мене не стои политичка партија да ме брани, затоа ќе се бранам по институционален пат.

Доколку би имала каква било дамка лично и професионално немаше да се впуштам во битката за градоначалник спроти политичари кои освен црна кампања не можат да сработат ништо друго и очекувам дека ќе напаѓаат.

Јас ниту имам фирма на мое име, ниту имам долг по основ на неплатена сметка за електрична енергија. Веќе 7 години со својот ангажман сум претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и со години не сум активна во ниту една фирма.

Повеќе од очигледен е стравот на СДСМ и Петре Шилегов дека нивното време во град Скопје завршува и дека сите злоупотреби на градот ќе бидат отворени и предмет на ревизија“, се наведува во соопштението на Арсовска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа