Арсовска: Не смее да се дозволи животите и имотите на граѓаните да бидат загрозени

Од:

По избивањето на големиот пожар во кругот на поранешната фабрика „Треска“ градоначалничката Данела Арсовска излезе на терен со скопските пожарникари кои неколку часа го гаснеа огнот и се бореа со огнената стихија за да спречат таа да се прошири и на околните објекти.

– Во текот на изминатите два часа сме тука и од индициите што ги имаме се работи за пожар што е отпочнат овде, со сомненија дека е подметнат. Информација што ја добивме од околните жители е дека виделе дека има лица на овој потег непосредно пред пожарот. Искрено се надевам дека институциите ќе преземат се што е во нивна надлежност да не се дозволи граѓаните да бидат во опасност. Она што го добивме како информација е дека во повеќе наврати се случуваат пожари на овој потег, јас сакам да верувам дека ќе се разреши оваа состојба, меѓутоа пред се не смее да се дозволи граѓаните на Скопје да се загрозени, нивниот живот и нивното здравје да се загрозени од некој што е неодоговорен и што презема постапки што се на штета и на градот и на луѓето. Целата противпожарна бригада, 55 пожарникари работеа посветено цели два часа да го локализираат, да го изгаснат овој пожар, го ставија во опасност сопствениот живот за да им помогнат на граѓаните – изјави Арсовска.

„Арсовска појасни дека станува збор за објект, кој во моментов е дел од постапка на стечај, има стечаен управител и веруваме дека во најкраток можен рок треба надлежните институции да преземат мерки, да разговараат и да се превенира ова што се случува на оваа локација.

Според неа важно е да се заштитат граѓаните, особено имајќи предвид дека се работи за исклучително голем број околни станбени куќи и деловни објекти што беа денеска загрозени со овој пожар“, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала