Арсовска му порача на Мицкоски да продолжи да се занимава со неа, бидејќи и го подобрува рејтингот

Од:

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вели дека и е многу мило што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се занимава со неа во изминатите две години и му посака да продолжи така, бидејќи како што вели, сакајќи да си го подигне својот рејтинг, очигледно работи да го подобри и нејзиниот.

Арсовска го изјави ова по денешната прес-конференцијата за изборот на Скопје за европска престолнина на културата 2028, на прашањето дека Мицкоски на неа и на Никола Груевски им посакал среќа што и да работат.

-Немам ништо што повеќе да му додадам, неговите очигледно лаги и манипулации и закани во изминатите две години, na којшто никој притоа не реагираше, ниту еден човек не излезе во одбрана на она што се случува во делот на заштита на правата на жената и на насилството коешто се одвива, наспроти она коешто сакаат да го прокламираат од другата страна како декларативна, вели Арсовска по денешната прес-конференцијата поврзана со изборот на Скопје – европска престолнина на културата 2028…

Што се однесува за прашањето дали со Груевски ќе формираат политичка партија, Арсовска забележа дека е посветена на она што треба да го реализира за Град Скопје, и ако има било какви други одлуки ќе ги повика медиумите и ќе ја извести јавноста.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот