Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

Од:

„Те велича Орце Самка Ѓорѓиевски дека си Господ и си почнал да веруваш дека си семоќен? Политички прогон сакаш да правиш несреќо. За ѓубрето низ Скопје е одговорна ТВОЈАТА криминална структура во Комунална хигиена на чело со Јулијана Спировска која е претседател на Управниот одбор (земи читај допис ако имаш време меѓу заканите и правење бизнис)“ се вели во соопштението испратено од се уште актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска.

Таа вели „за ѓубрето низ Скопје се одговорни ТВОИТЕ градоначалници кои сред избори повикаа граѓаните да фрлаат кабаст отпад, а немаат ни ресурси ни механизација да го собираат истото, па тоа ѓубре се мачат да го собираат вработените од КХС кои веќе се на крај на силите“.

„За ѓубрето низ Скопје е одговорно ТВОЕТО министерство за здравство, кое МИЛИОНИ му должи на Комунална хигиена. Нив ќе им влезеш ли со полиција несреќо? По корумпирана и по плитка власт од ТВОЈАВА не постоела, ни ќе постои некогаш во Македонија. Уствари заборавив Северна, бидејќи и името дека ќе го вратиш ЛАЖЕШЕ, како и за сѐ друго што ЛАЖЕШ денес“ пишува во соопштението на Арсовска.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Арсовска го повика Ѓорѓиевски јавно да ги објави долговите и тие што не оделе на работа, ВМРО-ДПМНЕ и одговори дека „правдата е блиску“

Катерина Ѓуровски