Арсовска: Екипите на „Комунална хигиена“ се на терен, состојбата во претпријатието се нормализира

Од:

Скопската градоначалничка Данела Арсовска се огласи на Фејсбук со порака дека екипите на Комунална хигиена се на терен, а состојбата на претпријатието се нормализира.

-Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани. Скопје се чисти, екипите на Комунална хигиена Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана. Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани, напиша Арсовска на Фејсбук.

Додава дека она што го ветила пред граѓаните е дека ќе работи чесно и во нивен интерес и ништо нема да ја спречи да го исполни дадениот збор.

Претходно, на денешната итна седница во врска со комуналната хигиена во рамките на Град Скопје, Советот на Скопскиот плански регион одлучи да побара извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена, како и препорака со која се бара Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од ЈП „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена.

На седницата беше донесен и заклучок со кој Скопскиот плански регион бара од страна на Владата, доколку проблемот не може да се реши на ниво на Градот, да се вклучи во негово решавање.

Овие предлози беа изгласани од 12-те градоначалници кои беа присутни на седницата која се одржа во просториите на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

„Дрисла“ се соочува со казна од 120.000 евра и шест илјади евра за управителот, за загадување на Маркова река

Дрисла: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата

ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

Орце Костов

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

Орце Костов

ЈП Комунална хигиена – Скопје подигна 1130 тони отпад во текот на изминатите два дена