Арсовска доделува 80.000 евра за Градски паркинг, а ја намалува цената на паркингот во Скопје

Од:

Вчера на предлог на Арсовска Советот донесе одлука за финансиска помош на ЈП Градски паркинг од пет милиони денари или над 80.000 евра. И додека парите на скопјани ќе се трошат за финансиска поддршка на Градски паркинг, Арсовска најавува дека ќе ја намали цената на паркирање на паркинзите на ова јавно претпријатие рече на прес конференција советничката во Град Скопје од СДСМ Лилјана Божиновска.

– Толку од менаџерските вештини на Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, не знаат да менаџираат со парите на граѓаните. Тие работат по старата матрица на Зоран Ставрески „немаме за леб а трошиме за чоколадо“ како што направи и градоначалникот на Ѓорче Петров кој во време на криза потроши 6.000 евра за чоколади и сокови. Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ знаат само да бараат пари од Владата додека општинските буџети ги трошат на непродуктивни цели и партиски вработувања во администрацијата, вели Божиновска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му