Арсенова лимонада поделена на ГП „Богородица“

Од:

Акција на Иницијативата АРСЕНА на граничниот премин Богородица:

Влегувате во градот со вода која содржи арсен.
Арсенот е отров кој полека, но сигурно убива!

Со ваква порака активисти на Граѓанската асоцијација АРСЕНА денеска ги пречекаа туристите и патниците на поминување на Граничниот премин „Богородица“ на влез во Македонија.

Туристите незаинтересирани за арсеновата лимонада, затоа пак примија флаер со предупредувачки пораки за квалитетот на водата во Гевгелија и шише пакувана здрава вода за пиење. Најголемиот број од нив се грчки државјани кои во викендот ги посетуваат гевгелиските казина, но и македонски граѓани кои се враќаат од одмор во Грција.
Оние кои застанаа на паркингот на ГП „Богородица“ пробаа од ладната напивка направена со лимон и вода од гевгелискиот водовод. Рекоа: – „Лимонада како и секоја лимонада, нема ништо чудно, само велите има и арсен. Ами чаре?“

Е, за чаре гевгеличани чекаат речиси четири години локалната власт и јавното комунално претпријатие да набават деарсенификатор за вода, или ископ на нови бунари за водоснабдување на Гевгелија, одговараат активистите.

– „Како посетител на Гевгелија едно испиено кафе, или чаша вода можеби нема да Ве убие, но сакаме да ја споделите вистината за градот со отровната вода за која локалните власти 45 месеци не превземаат ништо за да го заштитат населението и обезбедат нови извори на чиста вода.
Бараме Ваше разбирање и поддршка во граѓанските напори за обезбедување на елементарното граѓанско право за достапност на чиста вода за пиење“, се пораките од АРСЕНА.

Оваа акција е уште едно потсетување до властите дека веќе 3 години и девет месеци водата од градскиот водоводен систем е забранета за употреба со Решение на Државната Агенција за храна и ветеринарство. Жителите на Гевгелија и околните населени места се „осудени“ на хронично труење со арсен.

– „Дали и стопанствениците од областа на казинскиот туризам ќе пројават грижа и побарат одговорност од локалните власти и државните надлежни тела за решавање на проблемот со арсеонт во гевгелиската вода, кој со последните мерења во меѓународна лиценцирана лабораторија во Солун, Р, Грција е утврдено дека е присутен дури 113% повеќе од максимално дозволената граница пропишана од Светската здравствена организација“, прашуваат од АРСЕНА.

– „Со ова сакаме да покажеме дека прашањето со арсенот во гевгелиската вода можеби изгледа како локален проблем, но тој може да има и стопански реперкусии, што значи и нужна загриженост и вклученост на релевантните државни тела за обезбедување чиста вода за Гевгелија“, изјавуваат од Граѓанската иницијатива АРСЕНА.

Би можело да ве интересира

АРСЕНА го одбележа Меѓународниот ден за семејството со барање за чиста вода

Наум Локоски

Герила акција: Нови бунари на Вардар

Емир Латифовиќ

Жителите на Моин: Зошто да го плаќаме отровниот арсен во водата

„Арсена“ промовира документарец за отровот во гевгелиската вода

Емир Латифовиќ

Арсеновиот столб на вистината промовиран во Гевгелија

Институтот за јавно здравје на РМ ги затвори вратите за гевгелискиот арсен

Емир Латифовиќ