Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражна постапка за 51-годишник од Непроштено, вработен како виш оперативен работник во МВР, кој во својот дом и во уште една куќа во негова сопственост неовластено чувал огнено оружје, муниција и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети. Обвинителството побара од судот на лицето да му биде определена мерка притвор.

Од Јавното обвинителство информираат дека при претрес врз основа на судска наредба, полицијата во домот и во уште една куќа на осомничениот, пронашла ловна пушка (карабин), 14 парчиња муниција за карабин, дробилка, два оптички нишани, поголема количина на куршуми, чаури и проектили од куршуми од разни калибри, една кеса со барут, една шок бомба, една воздушна пушка „гамо“ со вградена оптика, пиштол „глок“ калибар 9 мм, две рамки со по 10 куршуми и други предмети за кои немал дозвола за поседување.

Претходно, за истиот случај, МВР информираше дека вчера, во 16.45 часот, полициски службеници од Тетово го лишиле од слобода Љ.П.(51) од с. Непроштено, во чиј дом и помошните простории, како и во уште една куќа во селото која е во негова сопственост, нашле оружје и муниција.

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Обвинение за пет интернисти од битолската болница за смртта на 40-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина