АРСЕНА донираше 600 литри чиста вода

Од:

Шестата по ред, дводневна предновогодишна донаторска акција на АРСЕНА резултираше со посета на 25 семејства од социјалните категории на граѓани на кои им беше поделено вкупно 600 литри вода. Сите до едно од посетените семејства изјавија дека знаат за проблемот со арсенот во гевгелиската вода, но немаат финансиски можности да набават пакувана вода. Се чудат зошто никој не превзема ништо и зошто општината молчи со решението за овој здравствено загрозувачки проблем за граѓаните на општина Гевгелија.

Изминаа три години од забраната за употреба на водата од гевгелискиот водовод, а нови бунари со чиста вода НЕМА!

Во 2015, локалната самоуправа изгласа само ново кредитно задолжување на општината од 250.000 евра за подобрување на водоснабдувањето во Гевгелија, кои не се ни од далеку доволни за решавање на проблемот со арсенот и реализација на проектот за ископ на нови бунари чиста вода за Гевгелија, кој е проценет на 2,39 милиони евра.

Наместо од чешма гевгеличани можат да имат чиста вода само ако ја купат од маркет пакувана. Ако имаат пари да си го дозволат тоа, се разбира, ако немаат, голтаат арсен оти така одлучила власта – не им обезбеди субвенции за набавка на пакувана вода, ниту пак ја намали цената на водата во Гевгелија која е забранета за употреба, на ниво на техничка вода.
Во такви услови, граѓанската асоцијација „АРСЕНА“ повторно на терен меѓу жителите на Гевгелија од ранливата категорија на семејства, со ниски социјални примања, невработени, самохрани мајки, пензионери, кои се единствени хранители на повеќечлено семејство вклучително деца и внуци, и им донираше на секое од семејствата по 24 литри чиста вода.

Граѓаните ги примаа активистите на „АРСЕНА“ со поздрави. Велат знаат дека водата е небезбедна, ама ја пијат зошто немаат пари да набават пакувана вода.
-„А, од каде знаете за штетноста на водата? Кој Ви кажал? Ве посетил ли некој од општината?“ се интересираа активистите.
-Па од Вашите членови, од АРСЕНА. Ни’ донесоа флаери дека водата има арсен. Никој друг не ни кажал“, објаснува една жителка на Гевгелија.

Гевгелиската социјала не смее да биде осудена на ризик од хронично труење со арсен заради непостапувањето на надлежните. Со акцијата активистите минорно го ублажија проблемот кај социјалните семејства кои ги посетија и уште еднаш на ваков начин ги потсетуваат надлежните дека сите граѓани имаат право на чиста вода.

Би можело да ве интересира

АРСЕНА го одбележа Меѓународниот ден за семејството со барање за чиста вода

Наум Локоски

Герила акција: Нови бунари на Вардар

Емир Латифовиќ

Жителите на Моин: Зошто да го плаќаме отровниот арсен во водата

„Арсена“ промовира документарец за отровот во гевгелиската вода

Емир Латифовиќ

Арсенова лимонада поделена на ГП „Богородица“

Емир Латифовиќ

Арсеновиот столб на вистината промовиран во Гевгелија