Владата го продолжува договорот со САД за набавка на лесни оклопни возила за армијата

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната 34-та седница, ја разгледа и усвои Информацијата со предлог за продолжување на набавката на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија со склучување на амандман/анекс на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија со Владата на Соединетите Американски Држави и донесе одлука да се продолжи со реализација на овој договор со прифаќање на Писмото на понуда и прифаќање на понудата од 21 декември 2020 година.

Владата го овласти државниот секретар на Министерството за одбрана во име на Владата на Република Северна Македонија, по информирањето на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Северна Македонија, да го потпише амандманот/анексот MK-B-UCC (A1) од 21 декември 2020 година на договорот за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија со Владата на Соединетите Американски Држави со што ќе се смета дека меѓувладиниот договор за амандман/анекс на Договорот за набавка на ЛОВ е доделен и склучен.

Со оваа одлука, Министерството за одбрана е задолжено веднаш по потпишувањето на амандманот/анексот на договорот, да изврши уплата на договорените финансиски средства од Буџетот на Министерството за одбрана за 2020 година во висина од 762.000.000 денари (12.39 милиони евра) до Владата на Соединетите Американски Држави, велат од Владата во соопштението, во кое не пишува за колкав број возила се однесува оваа сума.

Заклучоците за потребата од склучување на анекс на договор со Владата на Соединетите Американски Држави за набавка на лесни оклопни возила за потребите на Армијата на Република Северна Македонија ќе бидат доставени како Информација за известување до Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Северна Македонија, се вели во владиното соопштение.

Министерството за одбрана во август годинава потврди дека се набавуваат 33 лесни оклопни возила JLTV (Joint light tactical vehicle) од фирмата „Ошкош“. Паралелно тече и процедура за набавка на 56 оклопни возила за транспорт на пешадија „Страјкер“ што ги произведува фирмата „Џенерал Дајнамикс“.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски